Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар со победа го започна европскиот настап. Во рамките од 1.коло на е групата вардарци го совладаа хрватскиот состав се Сесвете со 34-29.
Натпревар со многу подеми и падови од играа црвено-црните. Одлично го започнаа на натпреварот и веќе по дванаесетина минути игра имаа пет голови предност 10-5. Следуваше серија на противникот кој успеа да стигне до само еден негатива. Сепак избраниците на Чупиќ, повторно го наметнаа својот ритам, па на паузата заминаа со -4 (19:15).
Рчиси по исто сценарио мина и второто полувреме. Вардар по само две минути игра имаше и највисоки 6 голови разлика 21-15. Но, гостите од Хрватска успеа да анулираат и таа негатива и да израмнат на 21-21.
Немаше сили хрватскиот тим да направи комплетен пресврт, бидејќи во редовите на Вардар расположен беше Хориха кој натпреварот го заврши со седум голови. Новопечениот Македонец имаше поддршка и од Боно кој реализира шест гола. На крајот вардарци сосема заслужено се радуваа на триумф со 34-29.
Во вториот натпревар од оваа група вечерва ќе играат францускиот Феникс од Тулуз и составот на Кристијанштад од Шведска.
Во второто коло, Вардар на 21 октомври ќе гостува во Франција.





































