Традиционално во вторник уплаќаме предлог-тикет во Златна Копачка, најдобрата обложувалница во Македонија каде што може да се најдат највисоките коефициенти.

Го фаќаме последниот квалификациски бран за Мундијалот, но овојпат се одлучивме да типуваме и ракометни и кошаркарски дуели од Лигата на шампионите и Евролигата.
Вака изгледа нашата комбинација за оваа недела:

ПОРТУГАЛИЈА – УНГАРИЈА: Победа домаќин и 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме

Португалците вечерва со евентуален триумф можат да го запечатат пласманот на Мундијалот 2026, па токму тоа типуваме да се случи. Ако можеше тимот на Роберто Мартинес да постигне 3 гола во Будимпешта против Унгарија, сигурно може да даде барем 2 пред свои навивачи и со тоа да се продолжи перфектниот учинок на 4 победи во исто толку квалификациски средби.

ТУРЦИЈА – ГРУЗИЈА: 1+ гола во прво и 3+ гола во целиот натпревар

Турција со сите сили се бори за второто место во групата Е и моментално е во поволна позиција да го осигура баражот доколку вечерва не загуби од Грузија. Наместо победник, бараме да има барем еден гол во првите 45 минути, односно најмалку три гола во целата средба.

ПИК СЕГЕД – МАГДЕБУРГ: Победа гостин

Актуелниот европски првак загуби на последното гостување во Сегед, па играчите на Магдебург сега доаѓаат по реванш одржување на победничката серија во групата Б. Сегед е во турбулентна форма и нема да биде изненадување доколку падне пред свои навивачи.

ПЕЛИСТЕР – БАРСЕЛОНА: Вкупно поени помалку од 59.5

Во Битола доаѓа големата Барселона која со себе ја носи фаворитската улога, но салата „Боро Чурлевски“ е непознат терен за Каталонците. Битолчани сигурно ќе приредат пеколна атмосфера, а ние се надеваме дека цврстата одбрана на двете екипи ќе биде причина што ќе нема повеќе од 59 гола на мечот.

РЕАЛ МАДРИД – ПАРТИЗАН: Вкупно поени повеќе од 166.5

Во три од последните пет меѓусебни средби, Реал и Партизан постигнале повеќе од 165 поени. Сличен исход очекуваме и во оваа средба, и покрај тоа што Кралевите сезонава во три евролигашки меча не ја надминале границата од 90 поени.

ХАДЕРСФИЛД – БОЛТОН: 0-1 гола во прво и 0-3 гола во второ полувреме

Иако и двете екипи колку што постигнуваат толку и примаат погодоци, обично нивните меѓусебни средби се тврди и ретко кога паѓаат три гола.

Стандардно предлог-тикетот го уплаќаме со 200 денари, а доколку сакате да го искористите кодот за брза уплата, можете да го сторите тоа до вечерва пред 20:45 часот.

КОД: 196779