Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го претрпе третиот пораз во квалификациите за ЕП 2027.

На гостувањето во Тузи, кај Црна Гора селекцијата на Македонија загуби со 3-2 иако на полувремето водеше.

Избраниците на селекторот Горан Станиќ одиграа добро прво полувреме и лошо во вториот дел. Натпреварот почна одлично за Македонија која преку Малиќи во 13.,минута поведе со 0-1. Ја контролираа играта и резултатот нашите младинци во првото полувреме, но во второто играта се распадна.

Црногорците во вториот полувреме комплетно ја сврте играта и резултатот. Перишиќ во 56/минута израмни на 1-1. Во 68.минута Јанковиќ донесе предност 2-1, а во 73-тата Мрваљевиќ зголеми на 3-1. Поразот го ублажи Трајков во судиското дополнение (90+1).

По овој пораз, Македонија остана четврта со три бода, колку што има и петто пласираната Шведска. Пред нас е Црна Гора со 6, а на прбите две позиции се Полска и Италија кои имаа по 12 бодови.

Шведска и Полска се следните противници на Македонија во ноември месец (13 и 18), а натпреварите макењоднските младинци ќе ги играат на домашен терен.

Следете нé на социјалните мрежи