Ракометарите на Охрид и Тиквеш денеска ќе ги имаат првите настапи сезонава на европската сцена.
Двата тима ќе ги играат првите натпревари во ЕФХ Европскиот куп.
Екипата на Тиквеш ќе има далеку потешка задача. Кавадарчани гостуваат кај фаворизираниот турски тим на Бешикташ. Овој натпревар ќе почне во 16 часот.
Два часа подоцна во салата „Биљанини Извори“, Охрид пред домашните симпатизери ќе го игра дуелот со азербејџанскиот тим на Баки. Македонскиот тим ја има улогата на фаворит, па противникот реши двата меча да ги игра во Охрид, а реваншот е утре.





































