Петтото коло од женската Супер и Прва лига ни носи вистински ракометен викенд исполнет со интересни натпревари.

Главниот фокус ќе биде насочен кон дербито на колото меѓу екипите на Ѓорче Петров и Металург Автокоманда, кое ќе се одигра вечерва од 20:45 часот во салата „Автокоманда“.

Натпреварот ќе се емитува во живо на МРТ3.

Освен дербито, денес се закажани уште два натпревари од женската Супер лига.

Екипата на Вардар ќе го пречека Пелистер 2012 од 15:00 часот во салата „Круме Кепески“, додека Чаир ќе биде домаќин на Астибо од 16:00 часот во салата „7-ми Март“.

Во рамки на Првата лига, сите натпревари се исто така закажани за денес.

Ѓорче Петров МРК ќе се соочи со Стружанка од 12:00 часот во салата „Христо Батанџиев“, Атлетик ќе го пречека тимот на Шампион од 13:00 часот во „Јане Сандански“, а последниот дуел ќе го одиграат Овче Поле и Деспина од 18:00 часот во Свети Николе.

Утрешниот ден носи само еден натпревар од Супер лигата – Куманово ќе гостува кај Спартак во дуел што ќе започне во 17:30 часот во салата „Круме Кепески“.

Ивона Кимовска