Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, ја потврди одлуката на судијата Стојанов Стојанче за пеналот на Вардар против Струга ТЛ. 

Штипјанецот во 51. минута од одигран вчера досуди најстрога казна за вардарци, која била исправна, велот од Судиската комисија образложувајќи:

По преглед на видео снимката, беше потврдено дека по центашутот на Маневски, одбранбен играч на Струга Трим Лум, Илиевски играл со рака во сопствениот казнен простор, по што главниот судија со помош на ВАР технологијата правилно досуди казнен удар во корист на домашниот тим.

Судиската комисија ја потврдува правилноста на одлуката, која е во целосна согласност со Правилата на играта и ВАР протоколот.

Дербито од 9.коло заврши без победник 2:2, а екипите останаа на првите две позиции на табелата со иста бодовна разлика.

Следете нé на социјалните мрежи