Денешниот ден носи два нови натпревари од 9.коло во Првата македонска фудбалска лига. Едниот ќе се игра во Скопје, а другиот во Кратово.

Дуелот на арената „Тодор Проевски“ секако го носи приматот дерби на колото. Во него ќе се сретнат второ и прво пласираната екипа на табелата, Вардар и Струга Трим Лум.

Тоа ќе биде меч на два од трите тима кои досега немаат пораз (третата е Шкендија). Вардраци заостануваа два бода зад стужани, кои на седумте победи имаат едно реми, за разлика од Вардар кој има „скок“ 6-2-0. Ова откако црвено-црните во претходната рунда на гостувањето во Куманово одигра без голови. Сега избраниците на Седлоски посакуваат да им се вратат на победите, но задачата нема да биде ни малку лесна.

Во Кратово Силекс го пречекува составот на Тиквеш. Кратовци пак се во резултатска криза. По стартната серија на победи, Силекс врза три порази во низа. Васоски и неговите „пулени“ би се рекло имаат ривал по мерка. Кавадарчани со само две победи и се во долниот дел од табелата.

Двата натпревари ќе стартуваат од 15 часот, а дербито Вардар – Струга ТЛ, може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.

Следете нé на социјалните мрежи

ПМФЛ – 9 КОЛО

Недела
ВАРДАР – СТРУГА Т.Л. 15 часот
СИЛЕКС – ТИКВЕШ
Понеделник
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 18 часот
одиграно
МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ 4-1
АП БРЕРА – БАШКИМИ 1-1
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-1