По не комплетното осмо коло во шпанската Ла лига повеќе нема непоразени екипи. Откако Елче загуби со 1:2 на гостувањето кај Алавес и тимот на Барселона претрпе пораз.

На гостувањето во Севилја составот на Барса беше над играна и тоа убедливо со 4:1. Серијата на голови ја отвори Санчез во 13.минута од пенал, а во 36-тата Ромео зголеми на 2:0 за Севилја. Длабоко во судиското дополнение на првиот дел (45+7) Рашфорд ја врати надежта на Барса.

Иако каталонскиот гигант со сите сили се обидуваше да стигне до израмнување тоа нема успеа. Најголемата шанса имаше Левандовски кои во 76-та минута не реализира пенал. Затоа во самата завршница домаќините постигнаа уште два гола, Кремона во 90-тата и Адамс во 96.минута за конечни 4:1 за Севилја.

На триумфот на Севилја не се радуваа само нивните навивачи, туку и оние на Реал Мадрид, бидејќи „кралскиот“ ” тим сега е лидер на табелата со 21 бод, два повеќе од Барселона.

Следете нé на социјалните мрежи