Вториот натпревар од новата сезона во машката кошаркарска Супер лига се одигра вечерва во Готивар. Таму гостинскиот тим на Тиквеш славеше лесна победа во дуелот со Гостивар со 81-67.

Гостите од Кавадарци од самиот старт најавија дека се дојдени по двата бода. Имаа предност од +7 кошаркарите на Тиквеш, но домаќините успеаја да ја анулираат. Само еднаш гостиварци беа во позитива 12-11, а кавадарчани на првата пауза заминаа со +7 (16-23). Уште на самиот старт на вториот квартал, Тиквеш направи двоцифрена предност, а најголемата изнесуваше +15 (25-42). На одмор тимот на Тиквеш замина со предност под +12 (30-42). По ист терк мина и второто полувреме, па Тиквеш ја впиша првата победа во новата сезона.

Американците Кливленд Џексон со 16 поени и Лук Андерсон со 15 поени беа најефикасните во победничкиот тим на Тиквеш. Кај гостиварци бадијала останаа 30-те поени на Глен Абрам.

За утре закажани се три натпревари, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со дербито Работнички – Пелистер.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 1 КОЛО

Сабота
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 67-81
Недела
КОЖУВ – ТФТ 18.00
ЧАИР – КУМАНОВО 19.00
ФЕНИКС – АНГЕЛИ 20.30
Понеделник
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 18.00 | тв пренос МРТ3
Петок
МЗТ СКОПЈЕ А. – МАЏАРИ 77-72