Со еден натпревар што ќе се одигра попладнево во Скопје, започнува новата сезона во најквалитетната машка кошаркарска конкуренција. Од годинава наместо Прва, натпреварувањето ќе го носи името Супер лига.

12 екипи ќе се борат во најквалитетната конкуренција, едни за трофејот а други за опстанок. Оние од втората половина, ќе се обидат да ги избегнат последните три места кои водат во понизок ранг. Тоа е новитетот во новата сезона, во која шесте најдобро рангирани од првиот дел ќе одиграат дополнителни пет натпревари, по што следува плеј-офот.

Титулата, како и години наназат, ќе ја брани МЗТ Скопје Аеродром кој ќе стартува во дуелот со дебитантот Маџари.

Ова ќе биде и првиот натпревар од четиридневната програма од премиерното коло, што ќе биде заокружено со дербито Работнички – Пелистер.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 1 КОЛО

Петок
МЗТ СКОПЈЕ А. – МАЏАРИ 18.00 часот
Сабота
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 18.00
Недела
КОЖУВ – ТФТ 18.00
ЧАИР – КУМАНОВО 19.00
ФЕНИКС – АНГЕЛИ 20.30
Понеделник
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 18.00 | МРТ3