Деветтата „рунда“ во прволигашката фудбалска конкуренција ќе се игра четири дена.
Попладнево на програмата е само еден натпревар и тоа во Ѓорче Петров каде Македонија го пречекува составот на Арсими.
Тоа е дуел на двете екипи кои минатата сезона водеа голема борба во второлигашката конкуренција. Сезонава во Првата лига, двата тима се во долниот дел од табелата односно на седмото и осмото место на табелата. „лавовите“ од Ѓорче имаа победа повеќе (вкупно 3) и бод повеќе (вкупно 9) од Арсими кој е веднаш зад нив. Бодовите се императив за двата тима во трката за подобар пласман и избегнување на опасната зона.
Натпреварот што ќе почне од 15 часот по може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и на МРТ3.
Во истиот термин (15 ч.) во наредните два дена, ќе се играат и останатите натпревари. Дербито е в недела во Скопје, каде во дуелот на двете првопласирани екипи на табелата, Вардар ќе ја пречека Струга Трим Лум. Последниот натпревар закажан за во понеделник во Битола ќе се игра во терминот од 18 часот.
ПМФЛ – 9 КОЛО
Петок
МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ 15 часот
Сабота
СИЛЕКС – ТИКВЕШ
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Недела
ВАРДАР – СТРУГА Т.Л.
АП БРЕРА – БАШКИМИ
Понеделник
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 18 часот