Ракометното „Класико“ на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер стартува вечерва со првиот од четирите натпревари оваа сезона во шампионатот меѓу двата клуба.
Ривалството е големо, желбата за победа уште поголема, но се се заборава и на крајот се бројат само титулите. Тимот од Битола е актуелен првак, а титулата ја потврди лани во последното коло со победа во салата во „Јане Сандански“.
За Вардар сега во мислите е само реванш за непријатниот пораз од јуни месец, но и за поразот на стартот од новата сезона на 3.септември во Супер купот во Кавадарци што Еурофарм Пелистер го доби со гол во последните секунди (28:27). Како и да е терминот за дерби е одличен, шампионот Е.Пелистер имала „мала пауза“ од настапите во Лигата на шампионите, а за Вардар ова треба да биде „загревање“ за дуелите од Лига Европа.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е еден од 5.коло од Супер лигата. Почетокот е во 19 часот, а комплетното коло ќе се одигра попладнево. Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.
ДВОЈКИ СУПЕР ЛИГА – 5.КОЛО
АЛКАЛОИД – ПРИЛЕП (почеток 17 часот)
БУТЕЛ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (почеток 18 часот)
ПРОЛЕТ – МРК КУМАНОВО (почеток 18 часот)
ОХРИД – ТИКВЕШ (почеток 18:30 часот)
СТРУГА – РАДОВИШ (почеток 19 часот)
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (почеток 19 часот)
ТАБЕЛА: Вардар 8 бодови, Е.Пелистер 7, Алкалоид 6, Бутел 6, Охрид 5, Е.пелистер 2 4, Прилеп 4, Пролет 4, МРК Куманово 2, Тиквеш 2, Струга 0, Радовиш 0.





































