Со двата натпревари што ќе се играат попладнево во Куманово и Струга ќе биде комплетирано 8.коло во Првата лига.
Поинтересно се очекува да биде на дуелот во Куманово, каде Башкими гостува Вардар.
Тоа е натпревар на трето и петто пласираните екипи на табелата. Вардарци се една од трите екипи кои досега немаат пораз, а само еднаш не успеаја да стигнат до трите бода. Кумановскиот состав досега оствари четири победи, а две на последните дуели. Башкими е во налет и посакува нови три бода, а црвено-црните не размислуваат за ништо друго освен за победа.
Затоа може да очекуваме интересен и борбен натпревар, а како ќе изгледа сето тоа останува да видиме во дуелот што ќе почне од 15 часот.
Во истиот термин во Струга кај Трим Лум гостува битолски Пелистер.
Битолчани се во резултатска криза, а на последните четири натпревари претрпеа исто толку порази. Струга која има ист „скор“ како и Вардар (6 победи и 1 реми) важи за апсолутен фаворит. Со победа стружани ќе се вратат на првата позиција на табелата на која сега е шампионот Шкендија по победата над Силекс во дербито на колото.