Со двата натпревари што се одиграат попладнево во Куманово и Струга комплетирано 8.коло во Првата лига. По нив Струга Трим Лум и Вардар се вратија на првите две позиции на табелата.

Башкими – Вардар

Во Куманово, каде Бапкими го пречека Варар, натперварот завршпи без голови 0-0.

Во 40-тата минута ја видовме најголемата шанса, а ја имаа домашните фудбалери. По брзата контра, Симовски изби сам поред вардаровиот голман, но биеше директно во Талески.

Се останато беше игра меѓу двата гола, со спорадични закани, но без реализација.

Струга Т.Л, – Пелистер

На натпреварот во Струга каде кај Трим Лум гостуваше Пелистер, до трите бодови, потешко од очекуваното, стигнаа домаќините.

Стружани кои важеа за големи фаворит во дуелот со битолчани, отпорот на противникот го скршија дури во финишот. Домаќините со два брзи гола на Малески во 84.минута, и четвртата од дополнувањето (90+4) стигна до победа со 2-0.

Со трите освоени бодови и вкупно 22 , Струга се врати на врвот на табелата, со два бода повеќе од Вардар (20). Трет е шампионот Шкендија кој во ова коло го доби дербито со Силекс, па тетовци сега имаат 20, а кратовци кои останаа на 15 се четврти.

Следете нé на социјалните мрежи

ПРВА ЛИГА – 8 Коло – РЕЗУЛТАТИ

БАШКИМИ – ВАРДАР 0-0
СТРУГА Т.Л. – ПЕЛИСТЕР 2-0
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 2-0
РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА 3-4
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
АРСИМИ – ШКУПИ 4-2