Неполн ден по освојувањето на трофејот во Супер купот, тимот на МЗТ Скопје Аеродром се пофали со ново засилување.

Станува збор за Мек Смит (27 год, 190 см) ќе биде четвртиот американски кошаркар во дресот на МЗТ Скопје. Бепкот шутер, денеска потпиша едногодишен договор со аеродромци.

Смит добро ги познава приликите во македонската кошарка, откако претходно настапуваше за екипите на Академија ФМП и за Тиквеш. Смит има и одлична универзитетска кариера зад себе, со оглед што е рекордер по бројот на натпревари на кои постигнал тројка во НЦАА лигата. Неговиот рекорд изнесува 91 натпревар со најмалку еден прецизен удар за три поени. Тој е и само вториот интернационалец во мак-баскетот со остварен трипл-дабл и тоа во дресот на ФМП.

Смит се очекува неделава да им се приклучи на своите нови клупски колеги и да му се стави на располагање на стручниот штаб за стартот на домашното првенство и на АБА2-лигата. Првиот следен меч за нашиот тим е против Маџари следниот викенд, а на регионална сцена почнуваме следниот вторник (7 октомври) против Вршац.

Следете нé на социјалните мрежи