Попладнево беа одиграни два нови натпревари од 8.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Дербито во Тетово, каде шампионот Шкендија го пречека Силекс го добија домаќините, додека во Скопје, струмичка АП Брера славеше над Работнички.
Шкендија – Силекс
Дуелот кој беше најавуван како дерби, не ги оправда очекувањата. Шкендија и Силекс одиграа тврд натпревар во кој двата тима беа повеќе ориентирани да ја зачуваат својата мрежа, отколку да го загрозат противничкиот гол. Во првиот дел немаше ниту еден упатен удар во рамките на двата гола.
Затоа во вториот два гола и тоа во мрежата на гостите од Кратово. По само пет минути игра во вториот дел, вистинско ремек дело на Бесарт Ибраими. Капитенот на тетовци од речиси „мртов агол“ постигна прекрасен гол за водство на Шкендија со 1-0.Силекс се обидуваше да стигне до израмнување, но неколкуте шанси не успеа да ги реализира. Затоа во судиското дополнение тетовци преку Kрасниќи ја потврди победата со 2-0.
Работнички – АП Брера
Затоа пак во Скопје, беа постигнати дури седум голови, а на победа се радуваа гостите од Струмица. Тимот на АП Брера до третата сезонска победа дојде со 4-3 во дуелот со Работнички.
Колото ќе биде заокружено утре со натпреварите во Куманово и Струга. Во исчекување на тие натпревари, Шкендија сега е лидер на табелата со бод повеќе од Струга Трим Лум и Вардар.
Потсетување дека вчера во воведните два натпревари од оваа рунда победи на домашен терен остварија Тиквеш и Арсими.
ПРВА ЛИГА – 8 Коло
Денеска
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 2-0
РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА 3-4
Утре
БАШКИМИ – ВАРДАР
СТРУГА Т.Л. – ПЕЛИСТЕР
Вчера
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
АРСИМИ – ШКУПИ 4-2