Во Прволигашката фудбалска конкуренција денеска во Кавадарци и Гостивар ќе се играат воведните два натпревари од осмото коло.
Фудбалерите на Тиквеш ќе ја пречекаат екипата на Македонија Ѓорче Петров, а Арсими е домаќин на Шкупи.
Кавадарчани кои на седумте одиграни натпревари имаат освоено само пет бодови, ќе се обидат да ја остварат само втората победа сезонава. Избраниците на Мојсов нема да имаа ни малку лесна задача, бидејќи против себе ќе ги имаат „лавовите“ од Ѓорче кои влегуваат во посакуваната форма. Составот предводен од Грнчаров врза два триумфи, а вкупно три на последните четири натпревари.
Во Гостивар пак, дебитантот во прволигашката конкуренција Арсими ќе има блага улога на фаворит со Шкупи. Ова пред се поради фактот дека чаирската екипа е во голема криза која почна уште пред сезоната. Тимот на Шкупи никако да освои ниту бод, па со „нула“ е закован на дното на табелата.
Двата натпревари ќе почнат во терминот од 15 часот, а може да ги гледате низ тв пренос на програмите на МРТ или ОВДЕ.
Во истиот термин ќе се играат и останатите четири дуели кои на програмата се утре и задутре.
Дербито на колото ќе се игра во недела во Тетово. Таму актуелниот шампион Шкендија ќе го пречека Силекс кој врза два порази во низа. Тоа е дуел на трето и четврто пласираните екипи на табелата во моментов.
Водечките две ќе играат во понеделник. Лидерот на табелата Струга Трим Лум пред домашните навивачи, а Вардар го чека тешко гостување во Куманово.
ПРВА ЛИГА – 8 Коло
Сабота
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 15 часот
АРСИМИ – ШКУПИ
Недела
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА
Понеделник
СТРУГА Т.Л. – ПЕЛИСТЕР
БАШКИМИ – ВАРДАР




































