Екипите на Работнички и Шкендија попладнево ќе го играат заостанатиот натпревар од 4.коло во ПМФЛ. Овој дуел беше одложен поради настапите на тетовци во европските купови.
Екипите во овој натпревар влегуваат со дијаметрално спротивна форма и пласман на табелата.
Работнички е претпоследен 11-ти со само четири бодови и четири порази на последните пет одиграни натпревари. Тетовци пак кои маат четири победи се на 4.место. Со евентуална победа Шкендија може да го мине Силекс на третата позиција и да дојде зад Струга Т.Л. и Вардар со заостанување од три бода.
Двете екипи со свои математики и мотиви ќе влезат во дуелот ќе се игра на стадионот ,,Петар Милошевски“ крај ФФМ, со почеток од 15.30 часот.
Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ директен тв пренос на МРТ3.




































