Два нови натпревари попладнево ќе се играат во Првата македонска фудбалска лига. Во Кратово и Струмица на програмата се дуели од седмото коло.
Дерби натпреварот, од оваа рунда, ќе се игра во Кратово, каде Силекс ќе ја пречека екипата на Струга Трим Лум. Тоа е дуел на два од четирите тима кои досега покажаа најмногу и заедно со Вардар и Шкендија се главните претенденти за највисок пласман.
До минатото коло двете екипи имаа максимален ефект, пет од пет.. Кратовци загубија на гостувањето во Куманово, а стружани одиграа нерешено со шампионот Шкендија. Гостите со евентуална победа би се вратиле на врвот на табелата каде сега е Вардар со три бода повеќе од нив.
Натпреварот во Кратово ќе почне од 15.30 часот, термин во кој че стартува и дуелот во Струмица.
Таму домашната АП Брера го пречекува дебитантот во прволигашкото друштво Арсими. Двата тима досега имаат ист „скор“ и со пет освоени бодови се во долниот дел од табелата. Затоа секој освоен бод денеска ќе биде исклучително важен за нив во понатамошната борба за опстанок.




































