Два дерби дуели носи третото коло во машката ракометна Супер лига претстојниот викенд.

Четирите екипи главни претенденти за највисок пласман ќе играат меѓусебно и тоа во Скопје.

Во првиот меч, во сабота, Вардар ќе го пречека засилениот Охрид. Од таборот на црвено-црните информираа дека наместо во „Јане Сандански“ овој натпревар ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“. Натпреварот ќе се игра во терминот од 18 часот. Цената на картите, кои ќе ,може да се набават од утре 12 часот, изнесуваат 150 денари.

Ден подоцна (недела) во салата „Автокоманда“ ќе се игра и второто дерби. Во него, Алкалоид ќе го пречека шампионот Еурофарм Пелистер кој утре гостува во Париз.

Следете нé на социјалните мрежи