По повеќе на деценија повторно ќе содржи „Трофејот на Македонија“. Градот Охрид ќе бидат домаќини на овој женски сениорски турнир.
Како дел од овој турнир Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го организира и ракометниот караван. Целта е доближување на ракометот до најмладите и ниво привлекување во ракометните школо.
Ова меѓу останатото го истакна претседателот на РФМ, Александар Стефанов на денешната средба со медиумите.
„Иако беше периодот краток и немавме многу време за подготовка, сепак успеавме да се организираме за турнирот.
Ќе ни гостуваат реномирани селекции од коишто дел од нив се веќе и квалификувани на Светските првенства. Станува збор за репрезентациите на Египет, Тунис и Грција. Сметаме дека ова е одличен настан којшто ќе придонесе доста во она што сакаме да го изградиме во женскиот ракомет.
Натпреварите ќе претставувате добра контрола за женската селекција која што веќе во октомври месец ги започнува квалификации за Европското првенство 2026.
На ракометниот караван на кој ќе има присутни дечиња од школска возраст во Охрид, Струга од околните места, каде тие ќе се запознаат подетално со ракометот како играа. Тоа ќе придонесе за поголема афирмација и масовност во ракометот“, истакна Стефанов.
Турнирот „Трофеј Македонија“ стартува утре, а дневно ќе се играат по два натпревари. Во продолжение и распоредот на натпреварите.







































