Нови два натпревари во Првата македонска фудбалска лига, носи денешниот ден.
По вчерашниот пораз на Силекс во Куманово, сега само екипата на Струга Трим Лум остана единствената со максимален учинок.
Стружани денеска ќе имаат голем предизвик да продолжат тој ефект, бидејќи ја пречекува тетовска Шкендија. Ова е дуел на последните два шампиони, Струга која „круната“ ја предаде лани на Шкендија. Оттаму без посебно образложување, може да очекуваме интересен, неизвесен дуел и голема борба за бодовите. Овој натпревар љубителите на фудбалот ќе може да го следат низ тв пренос на МРТ2 (овде).
Вториот што ќе се игра во Кавадарци, каде Тиквеш го пречекува Шкупи ќе може да го гледате на МРТ3 (овде). Двата дуели ќе почнат во терминот од 15.30 часот.
Во истиот термин утре ќе се играат последните два натпревари од ова коло.
ПМФЛ 6 КОЛО
Среда
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – ШКУПИ
Четврток
АРСИМИ – ВАРДАР
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Вторник
МАКЕДОНИЈА ЃП – АП БРЕРА 2-0
БАШКИМИ – СИЛЕКС 2-1




































