Македонскиот првак Eврофрам Пелистер утре ќе го игра вториот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.
По стартниот триумф над Загреб, пелистерци по мотивирано влегуваат во продолжението на сезоната. Во натпреварот 2.коло на Б групата, битолчани утревечер ги чека тешко гостување во Франција кај ПСЖ.
Било каков и да е ПСЖ се работи за гигантот во спортот и во ракометот. Можеби имаат и најголем буџет во Лигата на шампионите оваа сезона.
Ние се подготвуваме гледајќи на самите себе, имаме своја тактика. Подобро е кога се победува, се зголемува самодовербата на играчите, расте психичкиот момент кај секој играч и добро е што ги победивме Вардар 1961 и Загреб и освоивме два бода во ЛШ.
Одиме малку порастеретени на гостински терен во Париз.Било која победа или бод освоен во гости добро ќе ни дојде. Не треба уште одсега да правиме калкулации, туку да мислиме натпревар по натпревар.
Треба да ја играме својата игра, па што биде – нека биде “, изјави Никола Митревски.
Натпреварот ПСЖ – Еурофарм Пелистер што ќе се игра утре ќе почне во терминот од 20.45 часот.





































