Вицешампионот Вардар од Битола се враќа победнички,. Очекувано вардарци славеа победа во дуелот со вториот тим на Еурофарм Пелистер.
Во претпоследниот натпревар под 2.коло на Супер лига, Вардар го победи Е.Пелистер-2 со 15 голови разлика.
Црвено-врните го отворија натпреварот со три врзани голови. Од минута во минута ја зголемуваа предноста, а веќе на паузата имаа двоцифрена разлика 18-7. Вториот дел беше само чиста формалност, па конечниот резултат на крајот гласеше 34-19.
Николас Боно со 6 голови беше прв стрелец во победничката екипа на Варда, за која петмина ракометари постигна по четири.
Вардарци во следните три кола ги чекаат потешки противници. прво на домашен терен дуелот со Охрид па гостувањето кај Тиквеш како загревање за дербито во Скопје со Еурофарм Пелистер. Тие натпревари ќе бидат и можност за воигрување пред старот на натпреварите во ЕХФ Европската лига.
Во овие моменти во Прилеп се игра претпоследниот натпревар од ова коло, кое ќе биде заокружено во среда.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 2 КОЛО
недела
Е.ПЕЛИСТЕР 2 – ВАРДАР 19-34
ПРИЛЕП – КУМАНОВО 18:00 часот
сабота
ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД 22-24
Е. ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 36-24
ОХРИД – СТРУГА 40-16
во среда
РАДОВИШ – БУТЕЛ 19:00 часот




































