По тимот на Силекс и екипата на Струга Трим Лум го продолжува максималниот ефект во Првата македонска фудбалска лига.
Стружани ја остварија и петтата победа во исто толку одиграни натпревари. Тие денеска пред своите симпатизери славеа во дуелот со кавадаречки Тиквеш со 3-0.
Уште од самиот почеток стружани беа оние кои тргнаа поофанзивно. Создадоа неколку шанси, а најзрелата имаше Шабани кој во 24.минута излеза сам пред гостинскиот голман, но не успеа да реализира.
Во 35.минута по сугестија од ВАР собата, судијата Илиоски покажа на белата точка. Тоа по дуелот на Мојсов и Радевски во шеснаесетникот на гостите. Сигурен реализатор на најстрогата казана беше Компаоре, за водство на Струга ТЛ од 1-0.
Во вториот дел (52.мнута) капитенот Шабани се обиде во два наврати едно подруго, но резултатот остана не променет. Затоа пак во 58.,минута Компаоре со својот втор гол, а седми сезонава, зголеми на 2-0 за стружани. Конелните 3-0 за Струга ги поставо Марјан Радевски со голот во 78-мата минута.
Со по 15 бодови Силекс и Струга ТЛ за на првите две позиции, пред Вардар кој е трет со два бода помалку.
Потсетување дека на сите пет досега одиграни натпревари од оваа рунда победи остварија домашните екипи.
Ќе го сочуваат и максималниот ефект домаќините ќе видиме по последниот натпревар што се игра вечерва во Битола, а почна од 19 часот, а во кој Пелистер го пречекува Арсими.
ПМФЛ 5 КОЛО
недела
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 3-0
ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ 19:00 часот
сабота
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 3-1
АП БРЕРА – ШКУПИ 1-0
петок
ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 2-1
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0




































