Последниот ден на 44-тото Европското првенство за кошаркари ги носи дуелите за медал.
Во утешниот натпревар за третото место, селекцијата над Грција беше подобра од Финска со 92-89.
Првата ѕвезда на нашиот јужен сосед, Јанис Антетокумпо натпреварот го заврши со 30 поени и 17 скокови, на кои додаде и 6 асистенции. Тој беше најзаслужниот за бронзениот медал што го освоија Грците.
Во финалето,. односно борбата за златото, ќе играат актуелниот светски шампион Германија и селекцијата на Турција.
Германците во третото финале, атакуваат на вториот трофеј, а Турците во второто на првиот. Финалето на Евробаскетот почнува во 20 часот.



































