Во од женската Супер и Прва лига ракометна лига на Македонија викендов на програмата е второто коло. Денеска ќе се одиграат три натпревари, додека останатите се закажани за утрешниот ден.

Во рамките на Супер лигата, Металург Автокоманда ќе му гостува на Спартак. Овој меч ќе започне во 17:00 часот во спортската сала „Круме Кепески“. Два часа подоцна, во 18:00, Куманово ќе го пречека тимот на Астибо на домашен терен.


Во Првата лига, денеска ќе се одигра уште еден натпревар – Деспина ќе биде домаќин на Атлетик. Дуелот е закажан за 19:00 часот во Прилеп.

Утре, исто така ќе се оиграат три натпревари. Во Супер лигата натпреварот меѓу Пелистер и Ѓорче Петров ќе се одигра во Битола од 19:30 часот.

Првата лига исто така носи два интересни дуели – Шампион ќе се соочи со Јехона во 12:00 часот, додека во Струга, Стружанка ќе биде домаќин на Овче Поле од 14:00 часот.

Дербито на колото, пак, беше одиграно вчера, кога Чаир на домашен терен го пречека Вардар. Натпреварот заврши со убедлива победа на Чаир со 26:18.

Ивона Кимовска