Дерби дуелот од 2.коло од Супер лигата одигран вечерва во Кавадарци заврши со победа на Алкалоид со 24:22. Ова е прва победа во новото првенство за тимот на Кирил Лазаров и нови два бода.

Во Битола, првакот Еурофарм Пелистер на убедлив начин стигна до победата над Пролет со 36:24, додека уште поубедлив беше Охрид, кој во „езерската пресметка“ го совлада тимот на Струга со 40:16.

Од второто коло утре се играат дуелите: Еурофарм Пелистер 2 – Вардар и Прилеп – МРК Куманово.

Оваа рунда ќе биде комплетирана во среда со натпреварот Радовиш и Бутел.

Следете нé на социјалните мрежи