Ракометарите на Бутел Скопје попладнево ќе го имаат втпориот свој настап на европската сцена.
Бутелчани на домашен терен ги очекува реванш средбата од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп против тимот на Дуделанж од Луксембург.
Македонскиот тим е на добар пат за обезбеди пласман во втората квалификациска руда, во која веќе се Охрид и Тиквеш. Имено, Бутел славеше победа со 31-27 на првата средба одиграна во Луксембург пред седум дена.
Денешниот натпревар ќе се одигра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот. Влезот за сите љубители на ракометот ќе биде слободен.





































