Завршија репрезентативните обврски за овој месец, па на наше задоволство му посакуваме добредојде назад на клупскиот фудбал. Најновиот билтен на Златна Копачка веднаш се исполни со побогата понуда, има многу повеќе натпревари отколку изминативе неколку недели, а и коефициентите се поатрактивни за играње.
Овојпат се одлучивме да одиграме седум пара затоа што во топ 5 лигите во Европа, има доста интересни парови за претстојниот викенд.
Ова се нашите типови:
ЕВЕРТОН – АСТОН ВИЛА: Гол-гол
Две победи и еден минимален пораз во воведните три кола е сосема солиден старт на Евертон во новата сезона, додека пак Астон вила е во непрепознатливо издание и уште нема постигнато гол во англиското првенство. Затоа, очекуваме Карамелите да продолжат во расположено издание, а избраниците на Емери конечно да проработат и да почнат со тресење на противнички мрежи.
БАРНЛИ – ЛИВЕРПУЛ: Гостинот да победи и да постигне 2+ гола
Со 3/3 победи актуелниот првак најави одбрана на титулата, а ова ќе биде дуел во кој ќе дебитира најновото најскапо засилување во историјата на Премиер лигата, Александер Исак. Со него, Ливерпул е уште поопасен, а тоа воопшто не се добри вести за одбраната на Барнли.
АТЛЕТИКО М. – ВИЉАРЕАЛ: 0-1 гола во прво и 0-2 гола во второ полувреме
Иако само во еден од последните 10 меѓусебни дуели на овие две екипи завршил без голови, се претпоставува дека ова ќе биде тежок меч со малку голови. Жолтата подморница имаше силен старт на сезоната, Јорганџиите се во потрага по првите три бода, затоа и одлучивме дека е подобро да типуваме на голови, наместо да бараме победник.
ЈУВЕНТУС – ИНТЕР: 0-2 гола во прво и 1-2 гола во второ полувреме
Првото големо дерби во Серија А сезонава е меѓу двата најтрофејни гиганти. Максимум два гола се паѓале во изминатите четири средби во кои Јуве биле домаќини, а Интер на ова гостување во Торино ќе ја бара првата победа од април 2022 година. Старата дама делува постабилно во однос на вицешампионот, па затоа најдобро е се игра на ограничен број на голови.
БАРСЕЛОНА – ВАЛЕНСИЈА: Домаќинот да победи и да постигне 2+ гола
Непланираното реми против Рајо ѝ одзеде на Барса перфектен старт на сезоната, а репрезентативната пауза им донесе нови проблеми на Каталонците. Се повредија Гави и Де Јонг, тимот на Флик е десеткуван, но веруваме дека и покрај тоа Ламал, Левандовски и Рафиња како убиствено трио во нападот ќе ги решат Лилјаците.
КОМО – ЏЕНОА: Победа домаќин
Комо во ланската сезона беше подобар од Џеноа во лигашкиот двомеч со победа и реми, а знаејќи колку се засили тимот на Фабрегас и како напредува во Италија, се очекува нова победа на домаќините и продолжување на серијата позитивни резултати,
ПСЖ – ЛЕНС: Победа домаќин
Парижаните во репрезентативната пауза останаа без клучните Дембеле и Дуе, кои се здобија со повреди, па Енрике со изменет напад ќе брка позитивни резултати во наредниот период. Сепак, не би требало во овој меч да заврши серијата победи на ПСЖ против Ленс, која веќе се протега на пет меча.
Седум дуели со влог од 200 денари ни носат солидна добивка, а вие можете да вложите колку што сакате доколку го искористите кодот за брза уплата.
КОД: 77903
