Актуелниот од македонски првак Шкендија ја впиша третата победа во новата сезона од Првата фудбалска лига. Тетовци денеска не дозволија изненадувања како во претходната рунда кога, одиграа нерешено со Арсими. Овојпат Шкендија пред своите симпатизери славеше триумф во дуелот против Башкими со 2-1 .
Во 25-тата минута Рамадани беше стрелец на водечкиот гол за домаќините. Во второто полувреме (53.минута) во листата на стрелците се запишаа и Сенегалецот, Тамба, кој зголеми на 2-0. Гостите од Куманово, во 76.минута преку Босанецот, Хаџиќ намалија на 2-1.
Ова е првиот од двата денешни натпревари од петтото коло. Вториот ќе се игра на арената „Тодор Проевски“’, во вечерниот термин, од 19 часот, а во него Вардар ја пречекува екипата на Македонија Ѓорче Петров.
По два натпревари од оваа рунда ќе се играат во сабота и недела.
ПМФЛ 5 КОЛО
Петок
ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 2-1
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 19:00 часот
Сабота
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 15:30 часот
АП БРЕРА – ШКУПИ 15:30 часот
Недела
СТРУГА Т.Л. – ТИКВЕШ 15:30 часот
ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ 19:00 часот




































