Иако го најавуваа како дерби на денот, натпревари во Белград меѓу Србија и Англија ниту од далеку не беше тоа. Напротив гостите од островот доминираа во секој поглед на фудбалската игра па на крајот заслужено се радуваа на победа.

Англија славеше над Србија со убедливо 5-0 среде Белград, во квалификациите за Светското првенство 2026-та.

Победата гостите ја најавија уште во првото полувреме кога поведоа со 2-0 со головите на Кејн и Мадуеке. По само седум минути игра во вториот дел веќе беше 3-0, а стрелец беше Конса.

Дополнителните маки за српската селекција и селекторот Стојковиќ беше исклучувањето на Никола Миленковиќ во 72-миниута. Тоа Англичаните го казнија само три минути подоцна преку Марк Гуеје, а конечните 5-0 за Англија ги постави Рашфорд во 90-тата минута.

Со пет победи во исто колку натпревари и гол разлика 13:0 Анбглија е убедливо прва во групата, пред Албанија која има 8 бода, и Србија со 7.