Кошаркарите на Финска продолжуваат да го „сонуваат“ својот сон на Европското првбенство. Тие се третата селекција која обезбеди пласман во полуфиналето на Евробаскетот.
Финската до своето прво, историско, полуфинале стигна по победата над Грузија со 93:79.
Грузијците предводени од екс македонскиот селектор Џикиќ, беше во негатива во текот на целиот натпревар. Победникот беше најавен уште по првото полувреме кое Финците го допбија со 20 поени разлика.
Иако во фиунишот на натпреварот Грузијците намалија на само шест поени негатива (73:67), сепак немаа сили за комплетен пресврт.
Сега Финците ќе го чекаат исходот од последниот четвртфинален дуел што ќе почне од 20 часот. Во него zа место во ТОП-4 денеска ќе се борат светскиот првак Германија кој досега ги доби сите шест натпревари, а за противник ќе ја имаат Словенија, предводена од Лука Дончиќ.
Потсетување дека првиот полуфинален пар го сочинуваат Турција и Грција кои вчера беа подобри од Полска и Литванија.
 
             
		
