На Европското кошаркарско првенство денеска ќе се одиграат два натпревари по кои ќе го дознаеме вториот пар за полуфиналето.

Селекциите на Турција и Грција со победите над Полска и Литванија, веќе закажаа меѓусебен дуел во полуфиналето.

За место во ТОП-4 денеска ќе се борат светскиот првак Германија кој досега ги доби сите шест натпревари, а за противник ќе ја имаат Словенија, предводена од Лука Дончиќ.

Овој натпревар е закажан за во вечерниот термин од 20 часот. Претходно од 16 часот ќе играат Финска и Грузија кои направија големи изненадувања во осминафиналето, елиминирајќи ги Србија и Франција.

Полуфиналните натпревари ќе се играат во петок, а дуелите за медал (3 мести и финале) на програмата се во недела.

Следете нé на социјалните мрежи