Екипата на Металург запиша убедлива победа над Вардар со конечни 33-20.

Домаќинките одлично го отворија натпреварот и веќе во 7-та минута имаа предност од 4-1. Вардарки возвратија со агресивна игра во нападот и во 13-та минута успеаја да намалат на 8-7, носејќи неизвесност во дуелот. Но, тогаш Металург одговори со серија од 3-0 и повторно се одлепи на 11-8, што беше најава за целосна доминација до крајот на првиот дел. На полувреме тие заминаа со 18:11.

Во второто полувреме избраничките на Дамчевска продолжија во исто темпо. Вардарки се обидуваа да го намалат заостанувањето, но нивните обиди останаа без посериозен ефект. Па крајниот резултат беше 33:20.

Најефикасна во победничкиот состав беше Јанкуловска со шест погодоци, додека Беровиќ и Николовска постигнаа по пет. Кај Вардар, единствено расположена за игра беше Миленкоска со девет гола.

Ивона Кимовска