По еднодневна пауза, во Рига, Летонија, започнува разигрувањето на Европското кошаркарско првенство.

Меѓу 16-те најдобри го нема бранителот на трофејот Шпанија, која не успеа да ја мине групната фаза, па Европа ќе добие нов шампион.

Осминафиналната рунда ќе се игра во два дена.

Од денешните дуели, најинтересно се очекува да биде на третиот, соседското дерби, во кое домашната селекција на Летонија ќе игра против Литванија.

Селекциите на Турција, Германија кои остварија по пет победи, како и Срнија важат за фаворити во осминафиналните дуели.

Според досега прикажаното на првенството, најинтересниот од нив треба да биде утрешниот во кој Лука Дончиќ и Словенија ќе се сретнат со Италија.

Следете нé на социјалните мрежи

ЕВРОБАСКЕТ 1/8 финале

Сабота, 6 септември
11.00 ТУРЦИЈА – ШВЕДСКА
14.15 ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
17.30 ЛИТВАНИЈА – ЛЕТОНИЈА
20.45 СРБИЈА – ФИНСКА
Недела, 7 септември
11.00 БИХ – ПОЛСКА
14.15 ФРАНЦИЈА – ГРУЗИЈА
17.30 ИТАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА
20.45 ГРЦИЈА – ИЗРАЕЛ