Овој викенд официјално започнува новата сезона во женската Супер лига и Првата лига. Првото коло носи низа интересни натпревари кои ќе го означат стартот на шампионатите.
Во Супер лигата, денеска на програмата е еден меч – Ѓорче Петров ќе го пречека Куманово од 19:00 часот во салата „Христо Батанџиев“.
Првата лига стартува со два натпревари. КХФ Јехона во 17:00 часот ќе го пречека тимот на Стружанка, а во 19:00 часот Овче Поле ќе биде домаќин на Ѓорче Петров МРК.
Во недела следуваат уште три дуели од Супер лигата. Денот ќе започне со натпреварот помеѓу Спартак и Астибо во Штип со почеток од 12:00 часот. Потоа, во Автокоманда ќе се одигра дербито помеѓу Металург и Вардар во 14:30 ч., а колото ќе биде затворено во Битола каде Пелистер ќе го пречека Чаир од 18:00 часот.
Ивона Кимовска


































