Светскиот првак Германија е вториот четвртфиналист на Европското кошаркарско првенство. Во осминафиналето број 2, Германците се изнамачија да го скршат отпорот на Португалија.
Популарните „морепловци“ беа достоен ривал на светскиот шампион кој дури во последниот квартал Германија успеа да се одлепи и да побeди со 85-58.
На полувремето Португалија беше онаа која замина со предност. Во третата четвртина Германија имаше најголеми +9, но во последната влезе само со поен предност 52-51. Последниот период „панцирните“ го отворија со 14-0 серија, а ја добија со 33-7. На крајот Германија славеше и со убедливи 27 поени разлика.
Германците сега ќе го чекаат исходот од утрешниот натпревар натпревар меѓу Словенија и Италија.
Претходно пласман во четвртфиналето обезбеди Турција со победата над Шведска, па ќе играат со победникот од Босна и Херцеговина.
ЕВРОБАСКЕТ 1/8 финале
Сабота, 6 септември
17.30 ЛИТВАНИЈА – ЛЕТОНИЈА
20.45 СРБИЈА – ФИНСКА
ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 85:58
ТУРЦИЈА – ШВЕДСКА 85:79
Недела, 7 септември
11.00 БИХ – ПОЛСКА
14.15 ФРАНЦИЈА – ГРУЗИЈА
17.30 ИТАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА
20.45 ГРЦИЈА – ИЗРАЕЛ



































