Најдобра фудбалска репрезентација на Македонија во Прага на стадионот на Викторија Жижков попладнево ке одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија.
Иако станува збор за пријателски дуел, селекторот Благоја Милевски и неговиот тим му пристапуваат со максимална сериозност. Ова имајќи предвид дека веќе за неколку дена следи многу поважниот квалификациски предизвик против Лихтенштајн.
„Очекувам секој поединец да го покаже својот максимум и да се наметне во зголемувањето на конкуренцијата во тимот.
Сакам да видам дека Македонија може, дури и преку оние кои имаат помала минутажа, играчи кои бараат нови средини или подоцна го решија својот клупски статус. Се надевам дека тоа нема да се одрази на нивната физичка подготвеност. Најважно ми е сите да бидат здрави.
Саудиска Арабија е редовен учесник на Светските првенства и го гледам дуелот како еден предизвик за сите наши играчи. Мислам дека сите кои ќе настапат, ќе бидат во функција на она што не очекува во недела, тоа е дуелот со Лихтенштајн”, изјави селекторот Милевски.
Денешниот натпревар Македонија – Саудиска Арабија почнува во 17 часот, а ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ1.