На Европското кошаркарско првенство денеска натпревари од претпоследното 4.коло во Ц и Д групите. По него може да бидат многу работи појасни, што се однесува на пласманот на селекциите во нокаут, осминафиналната, рунда.

Во групата Ц чиј домаќин е Лимасол, досега само Грција обезбеди осминафинале со максимални три победи. Освен домаќинот Кипар кој е апсолутен аутсајдер, четири селекции се во трка за трите преостанати места кои водат во ТОП-16.

Актуелниот европски првак Шпанија и селекцијата на Италија во последните две кола влегуваат со победа повеќе од страна на БиХ и Грузија. Но, разврската најверојатно ќе ја добиеме по последното коло бидејќи денеска во директен дуел играат Шпанија и Италија. Селекцијата на Грузија е во мала предност со оглед на тоа дека е фаворит во дуелот со Купар. Затоа пак Босанците ќе ја имаат најтешката задача, да се надминат себеси и да ја изненадат Грција.

Во групата Д чиј домаќин е полскиот град Катовице, само домаќинот досега обезбеди осминафинале. Полјаците вечерва ќе играат против Франција која „киксна“ во дуелот со Израел кој денеска за противник ја има Белгија. Словенија предводена од Лука Дончиќ е апсолутен фаворит во дуелот со Исланд кој досега претрпе три порази.

Следете нé на социјалните мрежи

Досега место во осминафиналето обезбедија: Србија , Турција, Летонија (А група), Германија, Литванија, Финска, (Б), Грција (Ц) и Полска (Д).

ЕВРОБАСКЕТ – 4.КОЛО

Ц група – Лимасол, Кипар
14:00 ГРЦИЈА – БиХ
17:15 КИПАР – ГРУЗИЈА
20:30 ИТАЛИЈА – ШПАНИЈА

Д група – Катовице, Полска
14:00 БЕЛГИЈА – ИЗРАЕЛ
17:00 ИСЛАНД – СЛОВЕНИЈА
20:30 ФРАНЦИЈА – ПОЛСКА