Еден од фаворитите за највисок пласман на Европскиот кошаркарски шампионат, селекцијата на Грција претрпе пораз во четвртото коло.

Без својот најдобар играч Јанис Антетокумпо кој одмораше, Грците на изненадување на добрите познавачи на кошарката, загубија од БиХ со 80-77.

Покрај Јанис Антетокумпо, селекторот Спанулис репи на овој натпревар да го одмори и Ларанзакис. Во последното коло Грците ќе играат против актуелниот европски шампион Шпанија која вечерва го игра дербито со Италија. Инаку веќе Грција има обезбедено пласман во осминафиналето.

А, таму од Д групата во Катовице, пласман покрај домаќинот Полска обезбеди и Израел кој денеска ја совлада Белгија со 89-92.

Следете нé на социјалните мрежи

ЕВРОБАСКЕТ – 4.КОЛО

Ц група – Лимасол, Кипар
17:15 КИПАР – ГРУЗИЈА
20:30 ИТАЛИЈА – ШПАНИЈА
14:00 ГРЦИЈА – БиХ 77-80

Д група – Катовице, Полска
17:00 ИСЛАНД – СЛОВЕНИЈА
20:30 ФРАНЦИЈА – ПОЛСКА
14:00 БЕЛГИЈА – ИЗРАЕЛ 89-92