Репрезентацијата на Словенија забележа важна победа во дуелот против Исланд на Европското кошаркарско првенство.
Во натпревар од групата Д, чиј домаќин е полскиот град Катовице, Словенците славеа победа со 87-79.
Лука Дончиќ одигра уште еден брилијантен натпревар кој го заврши со 27 поени, седум скокови и четири асистенции. Со оваа победа Словенија веќе обезбеди место во осминафиналето без разлика на дуелот од последното коло против Израел.
во натпреварот се групата во Лимасол, селекцијата на Грузија очекувана славеше на домаќинот Кипар со 93-61. Со оваа победа грузијците останаа во игра за пласман во осминафиналето а тоа ќе го решаваат во директен дуел со БиХ која денеска изненадувачки славеше против Грција.