Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ, го заврпи својот настап на Европското првенство.

Информацијата ја потврдија од Кошаркарската федерација на Србија, а Богдановиќ им посака среќа на соиграчите.

„Со среќа момци, се гледаме во финалето “, напиша тој на социјалните мрежи.

Богдановиќ се повреди во петокот во 2.коло против Португалија, а му е дијагностицирана руптура на мускулот на тетивата. Тоа го спречува кошаркарот на ЛА Клиперс да игра на остатокот од Европското првенство.

Во договор со клубот Богдановиќ во наредниот период ќе биде подложен на интензивна терапија во САД со цел што побрзо да се опорави.

Следете нé на социјалните мрежи