На последниот тениски Гред-слем во годината, УС Опен, познати се првите два четвртфинални парови во двете конкуренции.

Новак Ѓоковиќ против Тејлор Фриц и Карлос Алкараз против Јиржи Лехечка ќе се борат за место во полуфиналето.

Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во осминафиналната рунда експресно во три сета со 6-3, 6-3 и 6-а го победи Германецот, Штруф.

Противникот на Србинот во четвртфиналето Американецот, Фриц кој е 4-носител исто така во три сета (6-4, 6-3 и 6-3) славеше против Чехот, Махач.

Вториот фаворит во Њујорк, Карлос Алкараз го совлада Французинот Риндеркнеш со 7-6, 6-3 и 6-4.

Ривалот на Шпанецот во четвртфиналето Лехечка одигра сет повеќе (3:1) во мечот со Французинот, Манарино.

Следете нé на социјалните мрежи