Екипата на Рајо Ваљекано направи големо изненадување не дозволувајќи и на Барселона да се радува на победа.

Во натпреварот од 3.коло на шпанската Примера, екипите на Рајо Ваљекано и Барселона одиграа без победник 1-1.

Фаворитот може на крајот да биде и задоволен што од ова гостување си замина со освоен бод. Имено само благодарение на голманот Жоан Гарсија, кој правеше чуда на голот на Барселона, каталонската екипа остана не поразена.

Гостите поведоа од оспорен пенал. Jамин Јамал ​​падна во 38-та минута, а судијата досуди пенал по контакт со Ксабарија. Столици летаа од трибините, навивачите и играчите на Рајо Ваљекано протестираа, но ништо не можеше да ја промени одлуката на судијата Бускетс. Тоа не му пречеше на Јамал да ја реализира најстрогата казна за водство на Барса од 0-1.

Голманот Гарсија правеше чуда на каталонскиот гол и имаше пет клучни одбрани, вклучувајќи го и одбраните против Де Фрутос и Андреј Ратиу во ситуација еден-на-еден.

Сепак, поранешниот голман на Еспањол не можеше да направи ништо за да го спречи Фран Перез кој во 67.минута успеа да израмни на 1-1.

До крајот на мечот имаше повеќе шанси за погодок, домаќините постигнаа уште еден, но беше поништен поради офсајд.

Потсетување дека тимот на Рајо Ваљекано ќе биде првиот противник на макеоднскиот првак Шкендија во групната фаза на Конференциската лига и тоа во Мадрид.

Следете нé на социјалните мрежи