Последниот, трет, натпреварувачки ден на регионалниот ракометен турнир во Скопје 2025 што се игра во СЈ „Борис Трајковски“ носи два македонски дерби дуели.
На турнирот на кој настапуваат осум екипи од Македонија, Србија и Црна Гора денеска повторно ќе се играа четири натпревари.
Откако во попладневната програма во двете конкуренции (машка и женска) ќе играа гостите од Црна Гора и Србија, во вечерниот следуваат македонските пресметки.
Кај дамите, ќе имаме можност да го следиме натпреварот меѓу актуелниот шампион Ѓорче Петров и вицепрвакот Металург Автокоманда. Овие две екипи и во претстојната сезона ќе бидат главните претенденти за трофеите на домашната сцена.
Дуелот Ѓорче Петров – Металург Автокоманда ќе почне од 19 часот.

Веднаш по него од 21 часот, закажан е стартот на ривалите во машка конкуренција.
Втор пат во пред сезоната на терен, едни наспроти други, ќе истрчаат ракометарите на Еурофарм Пелистер и Вардар. Првата пресметка на „лутите“ ривали ја добија битолчани на турнирот во Охрид. Следната пак, третата, ќе биде дуелот за првиот трофеј и тоа во Супер купот, што ќе се игра веќе во среда на 3 септември во Кавадарци.
Натпреварите може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ на Јутуб платформата на РФМ (ОВДЕ) .





































