Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја мина и третата рунда на Гренд-слемот во Њујорк, УС Опен.
Србинот кој е во улога на седми носител во меч со четири сета го победи Битанецот, Камерон Нори со 3:1 во сетови.
Првиот сет Ѓоковиќч го доби со 6-4, а во него се пожали и на повреда на грбот по што му беше укажана лекарска помош. И вториот беше израмнет, а Британецот го доби во тај-брејкот со 6-7. Затоа следните два Ѓоковиќ ги одигра на нему препознатливо ниво, па на противникот му препушти два односно три гема (6-2 и 6-3).
Тоа беше нивниот седми меѓусебен натпревар, по кој Нори сеуште се нема израдувано на победа. Ѓоковиќ во следната осминафинална рунда ќе го има Германецот, Јан-Ленард Штруф кој направи изненадување елиминирајќи го Американецот, Френсис Тиафо.



































