Големо изненадување се случи ноќеска во третата рунда на тенискиот Гренд-слем УС опен во женска конкуренција. За тоа се погрижи домашната тенисерка Тејлор Таунсенд

Американката која е 132-ра на ВТА листата ја елиминира петтата светска тенисерка Мира Андрејева, во два сета. Таунсенд одигра одличен натпревар и ја надигра младата Русинка за помалку од 80 минути игра со 7-5 и 6-2.

Во осминафиналето Американката ќе игра во Барбора Крејчикова од Чешка.

Светскиот рекет број еден, Арина Сабаленка, ја заврши работата во два сета против Канаѓанката, Лејла Фернандез.

Бранителката на титулата од лани Сабаленка одиграа 100 минутен меч кој го доби во два сета со 6-3 и 7-6. Во следната, осминафинална рунда, Белорусинката ќе игра против Кристина Буча од Шпанија.