Завршија првите два натпревари на Европското првенство за кошаркари што започна денеска.

Селекциите на Литванија и Португалија славеа убедливи победи во воведните натпревари од А и Б групата.

Во премиерниот натпревар одигран во Тампере, Финска, а во рамките на Б групата Литванците ја оправдаа фаворитската улога. Тие славеа победа со 94-70 во дуелот со Велика Британија.

Во оваа група во тек е натпреварот Црна Гора – Германија, а од 19.30 часот ќе играат домаќинот Финска и Шведска.

Во групата А чиј домаќин е летонскиот главен град Рига, селекцијата на Португалија славеше над Чешка со 62-50. Попладнево (17 часот) домаќинот Летонија за противник ќе ја има Турција, а во вечерниот термин (20:15 часот) топ фаворитот за златото Србија ќе игра против Естонија.

Следете нé на социјалните мрежи