Седум натпревари ќе се одиграат попладнево во рамките на првата (1/16 финална) рунда во фудбалскиот Куп на Македонија.
Прволигашите екипи кои се во улога на фаворити ќе бидат гости на овие дуели, а исклучок е екипата на Македонија Ѓорче Петров. Имено „лавовите“ во улога на гости против Љуботен ќе играат на стадионот во Ѓорче Петров.
За утре пак е закажан еден натпревар во Струмица каде Беласица ќе го пречека Арсими.
Последните осминафиналисти ќе ги дознаеме дури 10 септември, по репрезентативната пауза, за кога се закажани последните три натпревари.
Според пропозициите, ќе се игра само еден натпревар, во кој доколку нема победник по 90-те минути ќе се пристапи кон изведување на пенали.
Сите денешни натпревари ќе полнат во терминот од 16 часот.
ФУДБАЛ – КУП НА МАКЕДОНИЈА
1/16 финале
26.08.2025 (вторник)
ЕВТОТИП – СИЛЕКС 16:00 часот
КАРБИНЦИ – РАБОТНИЧКИ
ЉУБОТЕН – МАКЕДОНИЈА ЃП
БАШКИМИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
ОХРИД ЛИХНИДОС – АП БРЕРА
ПОБЕДА ВАЛАНДОВО – БРЕГАЛНИЦА
ШКЕНДИЈА А. – КАМЕНИЦА САСА
27.08.2025 (среда)
БЕЛАСИЦА – АРСИМИ
03.09.2025 (среда)
ТЕТЕКС – ПЕЛИСТЕР 15:30 часот
ПЧИЊА – НОВАЦИ
09.09.2025 (вторник)
ПОБЕДА – БАШКИМИ 15:30 часот
10.09.2025 (среда)
КОЖУФ – ШКУПИ 15:30 часот
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ
ЈЕНИ МААЛЕ – ШКЕНДИЈА




































